• понеделник, 23 декември 2024

Земјите на ИЕА пуштаат 120 милиони барели нафта за да ги стабилизираат цените

Земјите на ИЕА пуштаат 120 милиони барели нафта за да ги стабилизираат цените
Виена, 6 април 2022 (МИА) - Членовите на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ќе испратат 120 милиони барели нафта од нивните резерви на пазарот за да ја намалат цената на овој енергетски ресурс, соопшти Блумберг. „ИЕА ќе пушти 120 милиони барели нафта за да ги намали цените“, се вели во соопштението. Според агенцијата, американскиот придонес ќе изнесува 60 милиони барели, а останатото количество ќе биде распределено меѓу земјите-членки на организацијата. Со оглед на претходно објавените планови на САД за снабдување со дополнителни 180 милиони барели нафта од своите стратешки резерви, на пазарот ќе се појават вкупно 240 милиони барели нафта (180 милиони барели од САД и 60 милиони барели од земјите на ИЕА). За време на постоењето на организацијата вакви одлуки беа донесени во 1991, 2005, 2011 и 1 март 2022. Претходно на пазарот беа пласирани 62,7 милиони барели нафта. паг/  

Тагови

Остани поврзан