„Зелен хуман град“: Откажете се од огномет за Нова година
- Ја пренесуваме пораката на стотици сограѓани кои секојдневно ни пишуваат: НЕ САКАМЕ ОГНОМЕТ ЗА НОВА ГОДИНА НИКАДЕ ВО СКОПЈЕ! Скопје повторно е меѓу најзагадените градови во светот, со енормно високи концентрации на PM2.5 и PM10 честички. Во вакви услови, секоја дополнителна детонација е директен удар врз здравјето на луѓето и врз животната средина, се вели во соопштението од Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, што МИА ја објавува интегрално.
Скопје, 18 декември 2025
Ја пренесуваме пораката на стотици сограѓани кои секојдневно ни пишуваат: НЕ САКАМЕ ОГНОМЕТ ЗА НОВА ГОДИНА НИКАДЕ ВО СКОПЈЕ! Скопје повторно е меѓу најзагадените градови во светот, со енормно високи концентрации на PM2.5 и PM10 честички. Во вакви услови, секоја дополнителна детонација е директен удар врз здравјето на луѓето и врз животната средина, се вели во соопштението од Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, што МИА ја објавува интегрално.
Како јавни службеници избрани од граѓаните, имате обврска да ги заштитите од загадување, од бучава, од вознемирување и влошување на здравјето, а животните од стрес, паника и потенцијална смрт. Организирање огномет од јавни пари по сите научно докажани информации кои ги споделивме е свесна одлука да се игнорира реалноста на штета на сите нас. Штетните политички одлуки не ги плаќаме само со нашите тешко заработени пари, ги плаќаме со најскапоценото - нашето и здравјето на тие што ги сакаме.
Јавно ќе ги објавиме имињата на сите скопски градоначалници кои ќе се обврзат дека за Нова година нема да организираат огномет.
Скопје знае да слави достоинствено!
Фото: „Зелен хуман град“