• сабота, 23 ноември 2024

Зелен институт: Борбата на македонските активисти против рудниците ќе биде претставена на КОП 26 во Глазгов

Зелен институт: Борбата на македонските активисти против рудниците ќе биде претставена на КОП 26 во Глазгов
Скопје, 9 ноември 2021 (МИА) - На денешната дебата на Климатскиот самит на ОН во Глазгов – КОП 26, Лилјана Поповска од Зелениот институт ќе ја претстави повеќегодишната борба на македонските зелени активисти против отворање опасни рудници. - Ова е студија на случај кој резултираше со забрана за употреба на цијаниди и сулфурна киселина и заштита на животната средина во региони со земјоделие и туризам, информираат од Зелен институт. Настанот е во организација на Зелената европска фондација (Green European Foundation), полската фондација Зелена зона (Strefa Zieleni) и Глобалните зелени (Global Greens). Темата на настанот е: „Зелените во светот се борат за заштита на климата и биодиверзитетот“. Лилјана Поповска е дел од официјалната делегација на Зелениот економски институт од Оксфорд, кој, како што велат, е редовен учесник на климатските самити на ОН и лобист за итна климатска акција и намалување на температурата на глобално ниво под 1,5 степени целзиусови.фф/лв/

Остани поврзан