• четврток, 04 декември 2025

Зеленски се сретна со Келог

Зеленски се сретна со Келог

Киев, 14 јули 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев разговараше со специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, за зајакнување на воздушната одбрана на Украина и купување оружје со европска помош.

Средбата се одржа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе испрати противракетни системи „Патриот“ во Украина и пред очекуваното објавување на новиот план на САД за вооружување на Киев.

-Разговаравме за патот кон мирот и што можеме да направиме заедно практично за да го приближиме. Ова вклучува зајакнување на воздушната одбрана на Украина, заедничко производство и набавка на одбранбено оружје во соработка со Европа, објави Зеленски на „Х“. „И секако, санкции против Русија и оние кои ѝ помагаат“, додаде тој.

Трамп, кој го започна својот втор мандат во Белата куќа со поблаг пристап кон Русија, во последните недели јасно стави до знаење дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин додека ги засилува воздушните напади врз Украина.

Кратко по средбата, во Киев беше објавена воздушна тревога. мс/

фото: Принтскрин „Х“

 

Остани поврзан