• петок, 27 декември 2024

Зеленски одржува прес-конференција, прва од почетокот на војната

Зеленски одржува прес-конференција, прва од почетокот на војната
Киев, 23 април 2022 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски повеќе од еден час одржува прес-конференција во Киев - првпат од почетокот на војната во Украина, јави Би-Би-Си. Зеленски во моментов одговара на новинарски прашања - Војната можат да ја спречат само тие што ја започнаа, рече на почетокот Зеленски. Запрашан дали сè уште инсистира на средба со рускиот претседател Владимир Путин и дали смета дека разговорите со него ќе стават крај на војната, Зеленски рече дека војната може да ја запре само тој што ја започнал. Тој инсистира на завршување на војната и потенцираше дека секој „здрав човек попрво би го избрал дипломатскиот пат“ за да ги реши прашањата отколку со воено решение.. Украинскиот претседател додаде дека не се плаши за својот живот, но дека неговото семејство е многу загрижено за него. ссм/

Остани поврзан