Зеленски: Бројот на загинати во вчерашните руски напади врз Украина се зголеми на 39
- Во вчерашните руски напади врз Украина, кои беа меѓу најтешките од почетокот на војната, загинаа најмалку 39 лица, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Киев, 30 декември 2023 (МИА) – Во вчерашните руски напади врз Украина, кои беа меѓу најтешките од почетокот на војната, загинаа најмалку 39 лица, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
- За жал, во овој момент броиме 39 загинати, напиша денеска Зеленски на социјалните мрежи и изрази сочувство до роднините на загинатите.
Според претходниот биланс од вчерашните руски напади на неколку украински места, загинале најмалку 30 лица, а повеќе од 160 биле ранети.
Вчера наутро Русија лансираше 122 проектили и 36 дронови врз украински цели, што беше окарактеризиран како најмасовен напад од почетокот на војната. јт/
Фото: Зеленски на Фејсбук