• четврток, 25 април 2024

Зелена акција „Донеси цвеќенце – добиј маичка“

Зелена акција „Донеси цвеќенце – добиј маичка“

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ и културниот центар Лабораториум, вечерва организираат промотивна музичка вечер каде посетителите ќе може да учествуваат во раззеленување и разубавување терасата на Лабораториум.

-Во духот на заедничка акција, дружење и креирање на нова зелена оаза на терасата на Лабораториум, ги повикуваме сите млади и „зелени“ да ни се придружат и донесат било каков тип на цвеќенце во саксија за раззеленување на овој убав простор. Со оваа колективна акција го поздравуваме скорото доаѓање на пролета и во духот на зелената агенда, уредуваме градина во која сите ќе може да уживаме, велат од СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ.

На првите 50 посетители кои ќе донесат цвеќе им подариме маички со дизајн на СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Поканети се сите кои сакаат да се забавуваат со добра музика и да учествуваат во креирањето на ново зелено и убаво урбано катче во градот.

Во рамки на настанот ќе бидат презентирани официјални маички со кратки ракави, ќе биде преставен уште еден млад диџеј - Влашки, дел од колективот MINT, со избор на квалитетна и современа македонска музика. сст/са/

фото СИЛАТЕ ЕУ МЛАДИТЕ

Остани поврзан