• петок, 22 ноември 2024

Зелената агенда станува дел од ДУИ за локалните избори, соопшти Ахмети

Зелената агенда станува дел од ДУИ за локалните избори, соопшти Ахмети
Скопје, 5 јуни 2021 (МИА) – На денот на 19. роденден на Демократската унија за интеграција, претседателот Али Ахмети соопшти дека зелената агенда станува дел од нивната партија на локалните избори. – На 19. роденден на ДУИ започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ. ДУИ како целина ја прифаќа Зелената агенда како дел од Европскиот зелен договор и ја додава на нашите програмски столбови како приоритет, рече Ахмети. Од денеска најавувам, посочи тој, дека покрај на централното ниво, Зелената агенда ќе биде главна тема за следните локални избори. - Зелената агенда подразбира квалитетен живот, работни места и развој, особено во постпандемискиот период и неговото негативно влијание врз економијата, работните места, здравјето и животот генерално. Парите посветени на Зелената агенда се инвестиции, бидејќи животната средина и економијата се меѓусебно поврзани, се инвестиција во јавното здравство, во пристапот до чиста вода и воздух, во чистењето на дивите депонии, во намалувањето на емисиите на гасови, квалитетни патишта и железници, гасификацијата и зелената енергија, што влијае на квалитетот и нашите животни векови, менталното здравјето, спречувањето на катастрофи, што може да не чини дури и со човечки животи, рече Ахмети. Нагласи дека денес прекршувањето на Зелената агенда и загадувањето на животната средина е закана за безбедноста, исто како што се корупцијата и организираниот криминал. -Затоа Владата, општините и сите наши институции треба да ни се придружат и ние ќе се посветиме на ова - да станеме регионален и европски лидер во политиките за зелена агенда, рече Ахмети претставувајќи ја Зелената агенда, истакна лидерот на ДУИ, Ахмети. Во неговиот говор, Ахмети спомена и неколку проекти и активности кои, според него, ДУИ ги има реализирано во текот на нејзиното постоење. – Воспоставивме еднаквост преку целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивањето зелено светло за членство во ЕУ, заедно со многу други придобивки за нашите граѓани, рече тој. Апелира до граѓанските здруженија да се приклучат на нивната Зелена агенда со свои идеи и искуства што ќе бидат поддржани од ДУИ. - Сето ова затоа што ние и нашите потомци имаме само еден живот, да живееме и да им ја оставиме на нашите деца оваа планета со бесконечни можности за понатамошен развој, затоа што немаме право да им ја уништуваме иднината, генерации после нас, рече тој. Ахмети на роденденот на партијата се обрати и на македонски јазик. -Почитувани, медиуми, драга младино и граѓани, добар ден. Ви благодараме. Имајте убав ден!, рече лидерот на ДУИ. фф/ац/

Остани поврзан