• петок, 08 ноември 2024

Зек Ефрон снима нов филм и го покажа „извајаното“ тело

Зек Ефрон снима нов филм и го покажа „извајаното“ тело

Лос Анџелес, 27 октомври 2022 (МИА) - Зек Ефрон работи на новата улога, пa беше фотографиран на снимањето на неговиот претстоен филм „Железната канџа“ (The Iron Claw) во Луизијана (САД). Она со што го привлече вниманието на обожавателите, покрај „извајаното“ тело, овојпат е и новата, за него невообичаена и впечатлива фризура.

Во филмот на продукциската куќа „А-24“, Ефрон (35) го игра професионалниот борач Кевин фон Ерих. Филмот е заснован на вистинска приказна и го следи подемот и падот на семејството Фон Ерих - „династија“ борачи кои направија огромно влијание врз спортот од 60-тите до денес, како што велат од студиото. Напишан и режиран од Марта Марси Меј Марлен, и режисерот Шон Дуркин, во филмот глумат и Лили Џејмс, Маура Тирни, Џереми Ален Вајт и Харис Дикинсон. Сѐ уште не е познат датумот на прикажување.  си/паг/

Остани поврзан