• петок, 17 мај 2024

Зегин Берово лидер по првиот дел од сезоната во женската пингпонгарска лига

Зегин Берово лидер по првиот дел од сезоната во женската пингпонгарска лига
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - Есенскиот дел на натпревари од сезона 2022/23 во женската сениорска лига во пинг-понг заврши викендов по одигрување и на последните натпревари. Екипата на ППК Зегин Берово е на првото место на табелата со седум бодови и биланс четири победи и само еден изгубен меч. Исто така со седум бодов и на второто и третото место се ППК Крива Паланка и ППК Шампион Фа, а меѓу нив единствена разлика е количникот на добиени и изгубени сетови. Овој викенд во Струмица исто така се играа и неколку мечеви од јуниорската лига и се постигнаа следните резултати: Јуниорска лига жени Кавадарци - Рисови 0:3 Рисови - Младост 96 3:2 Јуниорска лига мажи регион 2: Берово - Астраион 1:3 Кавадарци - Астраион 0:3 Младост 96 - Берово 1:3 Астраион - Младост 1:3 Берово - Кавадарци 3:0. зс/

Остани поврзан