Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Зошто обвинителството ја заборави Еуростандард банка?
- СООПШТЕНИЕ - Во февруари 2021 година Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела: предизвикување стечај на банката и перење пари и други приноси од казниво дело. И после пет години од затворањето на Еуростандард банка уште не се знае кој се учествувал во организираниот криминал со којшто се украдоа милиони евра од депозитите во банката, а уште помалку се знае дали некој ќе одговара.
Зошто обвинителството ја заборави Еуростандард банка?
Еуростандард банка се затвори во август 2020 година. Во февруари 2021 година Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела: предизвикување стечај на банката и перење пари и други приноси од казниво дело. И после пет години од затворањето на Еуростандард банка уште не се знае кој се учествувал во организираниот криминал со којшто се украдоа милиони евра од депозитите во банката, а уште помалку се знае дали некој ќе одговара.
Од тоа што е познато, раководните лица кои се осомничени за организираниот криминал во Еуростандард банка се потписници на одлуките и налозите со кои масовно се одобрувале кредити кои не можат да се наплатат. Така и почнал криминалот. Парите од депозитите исчезнале со потписи на раководните лица во банката. Никој друг освен тие не можеле да одобрат доделување на кредити кои не можат да се вратат. А освен одобрувањето на неповратни кредити кои го предизвикале стечајот на банката, се переле и пари во милионски суми преку трансакции со нерезидентни клиенти од Венецуела.
Зошто Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција не донесе одлука за понатамошно постапување од спроведената истрага? До кога ќе трае молкот на обвинителството?
Иницијативен одбор на Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото:МИА архива