Зголемено ниво на радијација во нуклеарната централа Олкилуото 2 во Финска
- Финскиот орган за нуклеарна безбедност СТУК денеска соопшти дека нивото на зрачење во нуклеарната единица Олкилуото2 се зголемило околу 13 часа на западот на земјата, но дека немало протекува

Хелсинки, 10 декември 2020 (МИА) - Финскиот орган за нуклеарна безбедност СТУК денеска соопшти дека нивото на зрачење во нуклеарната единица Олкилуото2 се зголемило околу 13 часа на западот на земјата, но дека немало протекување и дека ситуацијата е под контрола.
- Ова е значаен и извонреден инцидент и веруваме дека е многу важно да се обезбедат точни информации за тоа, изјави финската министерка за социјални работи и здравство Аино-Каиса Пеконен.
Жармо Танхуа, извршен директор на операторот на нуклеарната централа ТВО, рече дека инцидентот е необичен настан во историјата на објектот. паг/