• петок, 05 декември 2025

Зголемени трошоците за нови објекти за индивидуално домување

Зголемени трошоците за нови објекти за индивидуално домување

Скопје, 29 август 2025 (МИА) -  За 1,1 процент се зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава, а намалени се за 0,3 проценти во однос на второто тримесечје од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Како што наведува ДЗС, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во второто тримесечје во однос на претходното тримесечје се зголемени за 1,1 проценти, трошоците за материјали за 0,4 проценти, а трошоците за вработените за 2,6 проценти.

Во второто тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се намалени за 0,3  проценти, трошоците за материјали се зголемени за 0,7 проценти, а трошоците за вработените се намалени за 2,3 проценти, се наведува во информацијата на ДЗС.лв/вј/

фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан