• понеделник, 23 декември 2024

Зголемени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Зголемени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
Скопје, 11 март 2021 (МИА) - Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јануари годинава се повисоки за 8,0 отсто на месечно ниво, а пониски за 24 отсто на годишно ниво. Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на бензините на месечно ниво пораснала за 13,2 отсто, а на годишно ниво бележи пад од 23,6 отсто, додека кај дизелот на месечно ниво има раст од 6,7 отсто, а на годишно ниво пад од 26,2 отсто. Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците при склучувањето на градежните договори.вј/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан