• петок, 17 мај 2024

Зголемена фреквенција на возила попладнето на Евзони

Зголемена фреквенција на возила попладнето на Евзони

Скопје, 17 април 2023 (МИА) - На граничниот премин Евзони попладнево за влез во земјава се чекаше повеќе од еден час поради зголемен прилив на туристи кои продолжениот велигденски викенд го искористија да престојуваат во Грција. 

Извори од грчка страна за дописничката на МИА брифираа дека вечерва веќе се намалени гужвите, функционирале четири ленти за излез од Грција, а коментираат дека имало зголемен сообраќај што потсетува на летен период.

Од Авто мото сојузот на Македонија за МИА информираа дека најголемата гужва била во попладневните часови, но дека сега таа е намалена. ср/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан