Зголемена појавата на труење кучиња во Делчевско
- Зголемена појавата на труење кучиња во Делчевско. Како што потврди ветеринарниот лекар, д-р Николчо Стојменовски, кој со оваа појава често се среќава во неговата работа, појавата особено е за
Делчево, 10 февруари 2021 (МИА) - Зголемена појавата на труење кучиња во Делчевско. Како што потврди ветеринарниот лекар, д-р Николчо Стојменовски, кој со оваа појава често се среќава во неговата работа, појавата особено е забележлива во последните неколку недели. Во најголем дел случаи, како што додава, се работи за труење домашни миленици, иако е забележливо и труење кучиња скитници.
- Во последниот случај, во два обиди досега, успеавме да го спасиме домашниот миленик. За жал, третиот обид беше кобен, не можевме ништо да направиме. Ваквите случаи и интервенциите кои ги правиме се чести и во најголем дел случаи животните завршуваат трагично, вели Стојменовски.
За семејството Мингарови, кои се сопственици на едно од отруените кучиња, загубата е голема, бидејки нивниот миленик иако бил кастриран и чипиран, досега немал нападнато никого.
- Кучето не беше скитник, ја чувавме врзана Шила и еднаш дневно ја шетавме. Досега ни се отруени пет кучиња. Живееме на село и сме од турска националност, не знаеме дали тоа е причината што ни се прави ова, но навистина е жално ова што се случува. Додека загари шетаат слободно низ селото, нашата Шила повеќе ја нема, велат Мингарови.
Ветеринарите се децидни дека ваквите постапки никому не му одат од полза и апелираа на воздржаност од неодговорни постапки, кои се казниви со закон. вс/аа/