Зверев чувствува дека се враќа во форма на трева во вистинско време додека се подготвува за Вимблдон
- Александар Зверев чувствува дека се враќа во форма на трева во вистинско време додека се подготвува за Вимблдон. Германецот ќе го има својот деветти настап на Гренд слем турнирот во Лондон и ќе се соочи со Французинот Артур Риндеркнех во првото коло
Лондон, 29 јуни 2025 (МИА) - Александар Зверев чувствува дека се враќа во форма на трева во вистинско време додека се подготвува за Вимблдон. Германецот ќе го има својот деветти настап на Гренд слем турнирот во Лондон и ќе се соочи со Французинот Артур Риндеркнех во првото коло.
Зверев играше на турнирот во Хале на трева, каде што стигна до полуфиналето, пред да загуби од Тејлор Фриц во борбата за титулата во Штутгарт.
-Имав прилично добри подготовки. Играв финале, играв полуфинале, се претставив добро на овие турнири. Мислам дека луѓето забораваат дека сè уште сум број 3 во светот и број 3 во главната ждрепка. Имав неколку порази кои беа нормални, некои можеби неочекувани. Генерално, чувствувам дека мојата форма се враќа во последните неколку недели, неколку месеци. Едвај чекам Вимблдон. Мислам дека ќе играм добро тука, рече Зверев. дс
Фото: Архива