• петок, 22 ноември 2024

За три недели во Шпанија без работа останале 900.000 луѓе

За три недели во Шпанија без работа останале 900.000 луѓе
Мадрид, 2 април 2020 (МИА) - Речиси 900.000 работници во Шпанија останаа без работа од 12 март досега, кога во земјата се воведени мерки против ширење на новиот коронавирус, вклучувајќи ја и забраната за движење. Вкупно 898.822 работници ги загубија своите работни места од 12 март, покажуваат статистичките податоци. Повеќе од половина од отпуштените биле работници на определено време. Во Шпанија минатиот месец бројот на невработени се зголеми на 3,5 милиони, што е најголем врој од април 2017 година. гт/

Остани поврзан