• среда, 17 јули 2024

За новата игра на „Мајкрософт“ - нов џојстик

За новата игра на „Мајкрософт“ - нов џојстик
Лос Анџелес, 25 август 2021 (МИА) - „Мајкрософт“ претстави нов модел на џојстикот за конзолите „Икс-бокс“, односно сериите „Ес“ и „Икс“. Уредот е најавен на собирот со назив „Гејмском 2021“, а во пресрет на пуштањето на видеоиграта „Forza Horizon 5“ во продажба. Џојстикот е претежно проѕирен, а куќиштето е жолто со сини и розови бои што го украсуваат. Копчињата се розови, а симболите на нив се сини. И аналогното копче е розово-сино. Новиот додаток доаѓа и со црни гумени држачи. Цената на новиот џојстик е 74,99 долари - 15 долари поскапо во споредба со стандардниот од 59,99 долари. Преднарачките веќе се прифаќаат, а продажбата почнува на 9 ноември, заедно со онаа на „Forza Horizon 5“.  си/сд/

Остани поврзан