• недела, 22 декември 2024

За неправилности при трговија со училишен прибор глоби од над 452 000 денари

За неправилности при трговија со училишен прибор глоби од над 452 000 денари

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Од донесување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, односно за училишен прибор, извршени се над 150 надзори кои се во тек заради обемната документација и анализа. Притоа се констатирани неправилности кај три правни субјекти, соопшти Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Според ДПИ, еден од правните субјекти е трговец на големо, казнет со над 452 000 денари поради непочитување на Одлуката и со уште над 200 000 денари поради неводење трговска евиденција.

Казнети се и двајца трговци на мало (голем и мал правен субјект). За големиот правен субјект е издадена глоба од над 452 000 денари за непочитување на Одлуката, а кај малиот правен субјект се изречени глоби заради непочитување на Одлуката во вредност од над 105 000 денари и по Закон за заштита на потрошувачиуте во вредност од над 76 000 денари. 

Надзорите се прават низ цела територија на Северна Македонија. Казните изнесуваат од 800 до 10000 евра во зависност од големината на правниот субјект и се одредуваат во согласност со Законот за трговија.   

Апелираме до трговците да ја почитуваат Одлуката и најитно да ги прилагодат цените. Надзорите ќе продолжат и инспекторите ќе бидат на терен се додека трае Одлуката. Пријава до пазарниот инспекторат може да поднесете на 191 или www.dpi.gov.mk. мч/са/

фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан