• понеделник, 23 декември 2024

За една недела отстранети 266 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

За една недела отстранети 266 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје
Скопје, 5 ноември 2020 (МИА) - Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 266 возила од јавните површини во Скопје. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 41 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 225 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице. Како што информираат од Град Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 376 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 41 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето. Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. - Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Град Скопје.фф/скс/

Остани поврзан