• недела, 22 декември 2024

За влез во државата на ГП Табановце се чека околу еден час, на ГП Богородица за излез околу 30 минути

За влез во државата на ГП Табановце се чека околу еден час, на ГП Богородица за излез околу 30 минути

Скопје, 12 август 2023 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата на ГП Табановце е околу еден час, на ГП Богородица за излез од државата е околу 30 минути.

Од АМСМ информираа дека на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/

Фото: МИА

Остани поврзан