• петок, 22 ноември 2024

За брзо возење вчера казнети 241 возач низ државата

За брзо возење вчера казнети 241 возач низ државата

Скопје, 20 јули 2023 (МИА) -  Во сообраќајна контрола на полицијата вчера на територијата на државава биле казнети 241 возач за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информира Министерството за внатрешни работи,  14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 124 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место.

Министерството укажува дека ќе продолжат сообраќајните контроли и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. дма/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан