• среда, 10 јули 2024

Заубер следните две сезони под името Стејк Ф1 тим Кик Заубер

Заубер следните две сезони под името Стејк Ф1 тим Кик Заубер

Лондон, 15 декември 2023 (МИА) – Екипата Заубер го промени името и следните две сезони во Формула 1 ќе се натпреварува како Стејк Ф1 тим Кик Заубер.

Швајцарската екипа го промени името откако истече четиригодишниот договор за соработка со главниот спонзор Алфа Ромео.

Под новото име Стејк Ф1 Кик Заубер ќе се натпреварува две години, по што во 2026 година екипата ќе ја преземе Ауди, соопштено е денеска.

Онлајн компанијата со платформа за казино и спортско обложување Стејк изминатата сезона беше главен спонзор на екипата заедно со Алфа Ромео, додека стриминг платформата Кик беше главен партнер. ег/паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан