Затекнати малолетници во угостителски објекти во Прилеп при консумирање алкохол
- На подрачјето на Прилеп вчеравечер беше реализирана превентивна активност „Соседска патрола“ во која учествуваа родители, педагошки служби од основни училишта. Извршена беше контрола и посета

Прилеп, 6 август 2022 (МИА) - На подрачјето на Прилеп вчеравечер беше реализирана превентивна активност „Соседска патрола“ во која учествуваа родители, педагошки служби од основни училишта. Извршена беше контрола и посета на повеќе угостителски објекти, паркови и други јавни простори каде има присуство на малолетници во ноќните часови. Притоа, во два угостителски објект биле затекнати пет малолетници од Прилеп кои консумирале алкохол.
- Целта на ваквите активности е родителите на малолетниците да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца и како да се препознаат и превенираат ризиците од вакви појави на девијантно однесување, велат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави. ки/са/