• понеделник, 25 ноември 2024

Затворен угостителски објект во Крива Паланка поради непочитување на мерките против Ковид-19

Затворен угостителски објект во Крива Паланка поради непочитување на мерките против Ковид-19
Крива Паланка, 14 февруари 2021 (МИА) - Поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 и прописите за работно време, затворен е угостителски објект во Крива Паланка.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, синоќа при контрола на угостителски објекти на подрачјето на Крива Паланка, полициски службеници констатирале дека угостителски објект на ул.„Коце Металец"  работи по дозволеното време.
-Во објектот биле затекнати триесетина гости, поради што на сопственикот на угостителскиот објект ќе му биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, се наведува во соопштението од СВР Куманово.ид/са/

Остани поврзан