• сабота, 18 мај 2024

Засадени нови 60 ореви во Карпош

Засадени нови 60 ореви во Карпош
Скопје, 10 февруари 2021 (МИА) - Комуналните служби на Општина Карпош денеска засадија 60 ореви во дворовите на повеќе градинки и основни училишта. Според општинските власти, со садењето на овие висококвалитетни дрвја уште повеќе се зголемува меѓублоковското зеленило. Од Општината информираат дека со оваа акција беа опфатени градинките „Мајски цвет“ - Тафталиџе 2, како и два објекта на градинката „Пролет“  - во Козле и Влае 1. Од основните училишта, нови дрвја беа засадени во дворовите на „Петар Поп Арсов“ - Карпош 4, „Аврам Писевски“ - Бардовци и „Братство“ - Тафталиџе 2. Засадувањето на овие ореви е во рамки на акцијата за садење на 300 ореви во Карпош. Садниците се донација од Факултетот за земјоделство и храна, а се садат во повеќе фази, согласно временските услови. -Локалната самоуправа и во претстојниот период продолжува со зголемување на зеленилото во сите населби. За 2021 година, одвоени се буџетски средства во висина од шест милиони денари за садење на нови дрвја, тревни површини и поставување на системи за наводнување, се наведува во соопштението на Општина Карпош.бт/скс/

Остани поврзан