• вторник, 14 мај 2024

Засадени нови високоизраснати дрва во Карпош

Засадени нови високоизраснати дрва во Карпош
Скопје, 19 октомври 2021 (МИА) - Продолжи есенската акција за зголемување на зеленилото и тоа во населбите Влае 2 на плоштадот „Делфина“, Тафталиџе 1, Карпош 2, Карпош 1, Козле - „Јуриј Гагарин“ меѓу зградите број 33 и 35 и Карпош 3, во рамки на спортско–рекреативниот центар во основното училиште „Лазо Трповски“, соопштија денеска од Општина Карпош. Засадени се вкупно 34 високоизраснати листопадни и зимзелени дрва - јавори, јасени, липи и туи. Од Општината информираат дека континуирано вложуваат во раззеленување на Карпош. - Во изминатиот период беше засадено ново зеленило и тревна површина и во Тафталиџе, во должина на булеварот „Партизански одреди“, во Карпош 4, меѓу „Желево“ и „Соле Стојчев“, како и во УЗ „Владо Тасевски“ спроти хотелот Карпош, се наведува во соопштението на општинските власти. бт/сп/

Остани поврзан