• сабота, 23 ноември 2024

Започна пријавувањето за учество на седмото издание на Охрид трчаТ

Започна пријавувањето за учество на седмото издание на Охрид трчаТ
Охрид, 5 ноември 2022 (МИА) - Од 2 до 4 јуни идниата година ќе се одржи 7. издание на атлетската манифестација Охрид трчаТ, во чии рамки ќе се реализира и „Ohrid running weekend“. Пријавувањето за атлетската трка, како што соопшти денеска претседателот на здружението „Охрид трчаТ“, Иван Цветкоски, е во тек. - Љубителите на трчањето и спортот имаат три опции за пријавување. Првата опција и вистински предизвик е трката на 21 километар, втората е трката на пет километри и третата опција е штафетниот полумаратон, два пати по 10 километри и 550 метри, информира Цветкоски. Стартниот пакет на 21 километар, според него, промотивно до 31 декември ќе чини 1.200 денари, за пет километарската трка е 700 денари, додека за штафетниот полумаратон е 2.400 денари. - Во склоп на трките на 21 и пет километри традиционално составен дел ќе бидат и тим билдинг трките. Како и за секоја година и за оваа подготвуваме богат стартен пакет за сите оние кои ќе се пријават на една од нашите трки. За сите учесници, гости и граѓани на Охрид подготвуваме викенд програма, која ќе содржи многу активности за сите возрасти, додаде Цветкоски. Подетални информации околу пријавувањето и трката има на интернет страницата на Атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“ www.ohridtrcat.mk, како и на социјалните мрежи. сс/свс/

Остани поврзан