Започна поткастот „Бизнис клуб“ со Бранко Азески
- Соопштение
Скопје, 1 декември 2024
Стопанската комора на Северна Македонија започна со поткастот „Бизнис клуб“, најновата иницијатива на претседателот Бранко Азески. Оваа платформа е креирана со цел да отвори нови хоризонти за размислување, да поттикне дијалог за актуелните економски предизвици и да ги приближи искуствата од реалниот сектор до пошироката јавност.
Првата епизода веќе е достапна на YouTube каналот на Комората. Во неа претседателот Азески разговара со Иво Јанкоски, сопственик на продукцијата куќа „Трето уво“, кој воедно е креатор и продуцент на серијалот. “Бизнис клуб“ е заеднички проект на Стопанската комора на Северна Македонија и Трето Уво.
Секој четврток во 12 часот ќе има ново издание на подкастот. Во секоја епизода Азески ќе разговара со влијателни бизнисмени, основачи на компании, претприемачи и инвеститори кои имаат големо искуство и конкретен придонес за развојот на македонската економија. Секој од овие гости, низ своето уникатно искуство и експертиза, ќе даде вредни согледувања за деловниот амбиент, промените во глобалната економија и конкретните предизвици и можности за македонскиот приватен сектор.
Подкастот „Бизнис клуб“ претставува одлична можност за сите оние кои сакаат да го разберат подобро локалниот и глобалниот економски контекст и да научат од искуствата на најуспешните бизнисмени.
Стопанска комора на Северна Македонија
_____________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.