• среда, 03 јули 2024

Запленети 7480 пиротехнички средства во Прилеп, приведено едно лице

Запленети 7480 пиротехнички средства во Прилеп, приведено едно лице

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) -  На улицата „Прилепски бранители" во Прилеп, полицијата денеска при контрола и преглед на патничко возило „голф“ управувано од прилепчанецот А.Б (47), пронашла и одзела вкупно 7480 парчиња пиротехнички средства.

Каао што соопштија од МВР, заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/бак/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан