• сабота, 06 јули 2024

Запленети 1 640 пиротехнички средства во Куманово, приведено едно лице

Запленети 1 640 пиротехнички средства во Куманово, приведено едно лице

Скопје, 31 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово, вчера во 15.40 часот во Куманово го лишиле од слобода А.Е.(25) од село Ваксинце, липковско, бидејќи при преглед кај него биле пронајдени 1 640 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Како што соопшти денеска МВР, А.Е. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан