• понеделник, 23 декември 2024

Заменик министерот за правда Нухиу во посета на ПО во Кичево

Заменик министерот за правда Нухиу во посета на ПО во Кичево
Кичево, 25 јуни 2021 (МИА) - Во посета на Подрачното одделение на Министерството за правда во Кичево, денеска беа заменик министерот за правда Агим Нухиу и државниот секретар Мухамед Точи. На средба со вработените во Подрачното одделение, тие добија целосна информација околу функционирањето на бесплатната правна помош и насоки за нејзино натамошно функционирање. Заменик министерот Нухиу беше задоволен од она што го слушна од вработените во Подрачното одделение. - Целта на нашата денешна посета е зајакнувањето на нашите активности во однос на системот на бесплатна правна помош,примарна и секундарна правна помош. Ние ги повикуваме граѓаните да дојдат во нашите канцеларии и да ги искористат мерките кои ќе бидат како олеснување до пристапот во правдата, рече заменик министерот Нухиу. Посочи дека канцеларијата  за правда во Кичево е успешна и во доменот на бесплатна правна помош. Кичевската канцеларија е првата од сите Подрачни одделенија во земјава и од овој град започнува обиколката на сите одделнија во земјава, што го потврди и државниот секретар во Министерството за правда, Мухамед Точи. - Канцеларијата на Подрачното одделение при Министерството за правда намерно ја одбра оваа канцеларија да биде прва која е посетена од наша страна.Идејата на Министерството за правда е да ги посети сите канцеларии во земјава за бесплатна правна помош, за да ја промовираме улогата на канцелариите за бесплатна правна помош и ние сакаме правдата да ја направиме да биде достапна за секој граѓанин во земјава без исклучок, изјави државниот секретар Точи. Инаку, во рамки на оваа посета, на присутните им беа делени флаери од кои можеа во целост да се информираат за бесплатната правна помош. за/цр    

Остани поврзан