• четврток, 17 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Заменик - министерката за европски прашања Трајков и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Стоилев во посета на Свети Николе 

Заменик - министерката за европски прашања Трајков и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Стоилев во посета на Свети Николе 

Свети Николе, 11 април 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Илија Стоилев денеска ќе остварат работна средба со градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев.

На средбата, како што е најавено, ќе се разговара за потребите на општината за искористување на средствата од европските фондови во реализација на проекти од интерес за граѓаните.

Трајков и Стоилев денеска во Општина Свети Николе ќе посетат и компанија корисник на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија наменет за рурален развој (ИПАРД) како петта компонента на ИПА. цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан