• петок, 20 февруари 2026

Закупците од синдикалната зграда во Велес бараат да останат на истата локација, Општина тврди дека има право да се раскине договорот

Закупците од синдикалната зграда во Велес бараат да останат на истата локација, Општина тврди дека има право да се раскине договорот

Велес, 2 ноември 2022 (МИА) - Локалните закупци на дуќани – кираџии во Синдикалната зграда во центарот на Велес, сопственост на Општина Велес, денеска реагираа на одлуката на локалната власт и советничката група до Нова година да се иселат од дуќаните. Појаснуваат дека четири дуќани ќе се иселат, а 11 вработени ќе останат на улица бидејќи немаат решение каде да се преселат. 

За одлуката за отворање Европска куќа советнициите дебатираа на последната, минатонеделна седница. Закупците  денеска  реагираа и апелираат до Општината да не ги иселува, туку за Европската куќа да најде други простории во синдикалната зграда.
Ангел Јанакиевски, кој во зградата има спортска обложувалница и има договор за уште две години, од свое и од името на останатите закупци потенцира дека со ваквата еднострана одлука ќе им се уништат нивните успешни бизниси. Три дуќани со 11 вработени ќе останат беа работа. Појасни дека закупците на овој простор,  во услови на економска  и енергетска криза и во време на ковид пандемијата уредно  плаќаат кирија и сите останати давачки кон локалната власт и државата.
-Со овој неевропски гест, не се гради европска перспектива. Верувам во искрената намера на градоначалникот со отварање на Европска куќа да направи нешто добро за градот Велес, но ме изненадува фактот што во истата оваа зграда има отворено Информативно-туристичко биро веќе две години, не работи, а е направено со европски пари. Уште една работа зачудува и посебно не иритира, еден од трите услови за отворање на Европска куќа во сите градови во Македонија е општината минимум да понуди простор од 80 метри квадратни.Општина Велес на оваа вропска куќа нуди 300 метри квадратни, со што автоматски ги губиме нашите дуќани, а се добива огромен простор за кој не знаеме за што ќе биде искористен, потенцира Јанакиевски, кој е претставник на локалните закупци. Побара од општината добра волја за тие да останат и да работат во истите дуќани, а во друг простор од оваа голема зграда да биде сместена Европската куќа.
Првично беше договарено Европската куќа да биде во просториите на поранешното кино „11 Октомври“, кое е сместено во приземјето на истата Синдикална зграда, изградена во 50 години на минатиот век.

-Упатуваме апел до евроамбасадоротстор Гир, до градоначалникот Колев и министерот за локална самоуправа да ја преиспитаат одликата за отворање на оваа Европска куќа во овие наши закупени простории и заедно сите да можеме да учествуваме во градењето на Велес, секој на свој начин, рече тој. Јанакиевски појасни дека тие немаат друга алтернатива каде да се преселат во централното градско подрачје каде би го продолжиле својот  бизнис.

Во врска со реакцијата на закупците од синдикалната зграда, од Општина Велес во писменото известување до медиумите појаснуваат дека во Договорот што Општина Велес го има склучено со закупците на просториите во зградата на Синдикатот стои дека Договорот може да го раскине секоја договорна странка, писмено, со отказен рок од 30 дена.

-Исто така во Договорот стои дека доколку дојде до престанување на правото на користење на просторијата, на закупецот му се дава рок од 30, односно 90 дена, да ја испразни и врати просторијата во првобитната состојба,информираат од Општина Велес.

Тие појаснуваат дека  закупците на просториите во сопственост на Општина Велес, во неколку наврати одржале состаноци со службите на општината и градоначалникот Марко Колев. -На 29.09.2022 година Општина Велес испрати писмо со известување до закупците на просториите дека до 31.12.2022 година треба да ги испразнат просториите и да ги вратат во првобитната состојба,појаснуваат во писменото соопштение до медиумите од Општина Велес.

Додаваат дека просториите во синдикалната зграда се најсоодветни за потребите за отворање на Европска куќа и одговаат на критериумите на ЕУ: просториите да бидат во сопственост на Општина Велес, да бидат во централното градско подрачје, да располагаат со простор од 80 до 100  метри квадратни и да имаат пристап за лицата со попречености.

Проектот за ЕУ куќа е веќе изготвен и Делегацијата на ЕУ е во постапка за избор на фирма, со што овој процес е веќе навлезен во реализација, потенцираат од Општина Велес. ад/мд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан