• вторник, 05 ноември 2024

Законските измени за либерализација на железничкиот сообраќај пред матичната собраниска комисија

Законските измени за либерализација на железничкиот сообраќај пред матичната собраниска комисија

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за железнички систем, по скратена постапка, со кој треба да се овозможи либерализација на железничкиот сообраќај во државава, денеска треба да биде разгледан од матичната собраниска Комисија за транспорт и врски. 

Во членот 16 од Предлог законот е наведено дека се овозможува јавниот железнички превоз на патници и стока да се врши од приватно домашно или странско правно лице, т.е. се отвора пазарот за други железнички превозници. 

-Целта е усогласување со европското законодавство во делот на отворање на пазарот за железнички услуги што ќе се даваат од повеќе железнички превозници и усогласување и со националното законодавство во делот на употреба на јазиците, стои во образложението за Предлог-законот.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на последната седница за пратенички прашања упати апел да бидат изгласани предложените измени, потсетувајќи дека Владата ги усвои уште на 20 јуни годинава, но оти Собранието се уште не се произнело.

-Ако сакаме да имаме успешен патнички и товарен сообраќај, успешно претпријатие во делот на железниците, мораме да направиме либерализација на железничкиот сообраќај во државата, истакна Бочварски, на прашање зошто се укинуваат железнички линии. лв/дма/

Фото: МИА Архива 

 

Остани поврзан