• петок, 22 ноември 2024

Заев: Работиме на создавање највисоки стандарди за владеење на правото

Заев: Работиме на создавање највисоки стандарди за владеење на правото
Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) - Владата продолжува цврсто и одлучно да работи на создавање на највисоки стандарди за владеење на правото и за работа на независниот правосуден систем, објави на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по повод одбележување на Европскиот ден на правдата, додавајќи дека тоа е нашиот избор за храбри чекори на европскиот пат, кој носи европски стандарди и подобар живот. - Оваа година на Европскиот ден на правдата говориме за уште една силна потврда за напредокот во имплементацијата на реформите и европските стандарди во областите владеење на правото и борбата против организираниот криминал и корупција. Европската Комисија во својот извештај за прогресот на Северна Македонија нотира храбри и силни чекори за борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и за владеење на правото. Тоа е јак сигнал и знак дека реформите се на добар пат и дека треба да продолжат на истиот пат, пишува Заев. Воедно, тој нагласи дека посветени на реформите кој дават конкретни резултати. - Реформираниот Судски совет разреши 16 судии поради пропусти во работата. Во Кривичниот законик се воведуваат нови кривични дела „Демнење“ и „сексуално вознемирување“ како одговор на злоупотребата на интернет каналите за комуникација. Судството се дигитализира, се дигитализираат услугите за граѓаните. Со законски измени значително се зголеми заштитата од напад врз новинарите. Донесени се дополнителни законски измени за заштита на жените од насилство. Во континуитет се реконструираат затворите. Спроведен е #Попис2021, пишува Заев. оџ/сп/

Остани поврзан