• недела, 22 декември 2024

Заев: Денови се во прашање кога ќе може да се потврди утоварот за кинеските вакцини

Заев: Денови се во прашање кога ќе може да се потврди утоварот за кинеските вакцини
Скопје, 1 март 2021 (МИА) – Премиерот Зоран Заев очекува овие денови да има информација од Кина кога ќе почне утоварот на вакцините. Тој денеска во изјава за медиумите рече дека се е направено во делот на постапките со цел вакцините што е можно побрзо да дојдат во земјава. Вели дека никаде во светот никој не може со точност да каже кога кој тип на вакцина, кога ќе пристигне. За авансот за кинеските вакцини, појасни, дека е повлечен затоа што се чекала потврда од Министерството за надворешни работи на Кина. - Авансот е пуштен како дел од процедурата. Парите се тука, на истата сметка на Министерството за здравство. Денеска очекувам позитивна информација за постапката што е започната. Денови се во прашање кога ќе може да се потврди утовар за да дојдат вакцините во Северна Македонија, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по промовирање на проектот за реконструкција на Универзалната сала. Потсети дека има и втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози од кинеската вакцина, а, како што соопшти, формализирани се и документите за набавка на руската вакцина „Спутник“. бак/ац/

Остани поврзан