• петок, 22 ноември 2024

Заврши четвртиот Балкански поетски камп „Ванчо Николески” 

Заврши четвртиот Балкански поетски камп „Ванчо Николески” 
Охрид, 28 август 2022 (МИА) - Со целодневен престој во селото Црвена Вода и посета на родната куќа на писателот Ванчо Николески, денеска заврши четвртиот Балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески”. На годинешното издание на кампот учествуваа поетите Оксана Чернеева и Ана Багрјана од Украина, Димитар Христов од Бугарија, Сара Џелили од Албанија и Едина Мифтароска, Д-р Ана Петреска и Јована Граждани од Северна Македонија, а виртуелно се приклучија и Тамара Спиркоска од Хрватска и Милутин Ѓуричковиќ од Србија. Балканскиот поетски камп за деца и млади, се одржува под покровителство на Светската акдемија на поезијата при УНЕСКО со седиште во Верона, а до учесниците Послание испрати и претседателот Стево Пендаровски. - Оваа пријателска и креативна средба треба да послужи како пример за сите луѓе со добра волја, писатели и други балкански уметници, кои преку размена на своите идеи и креативни резултати, го потврдуваат сопствениот јазик и литература, овозможуваат и нумерички помалите нации, да бидат попознати и почитувани, порача во поздравното писмо генералниот секретар Светската акдемија на поезијата, д-р Лаура Троиси. Поетската работилница на Кампот ја водеа украинската писателка, поет, драматург и преведувач Ана Багрјана и македонскиот логопед д-р Ана Петреска. ки/сп/

Остани поврзан