• сабота, 23 ноември 2024

Заврши есенскиот ликовен хепенинг во Пехчево

Заврши есенскиот ликовен хепенинг во Пехчево
Пехчево, 3 ноември 2022 (МИА) - Во организација на Домот на култура „Јане Сандански" заврши Есенскиот ликовен хепенинг кој во изминатите неколку дена се реализираше во Пехчево. Настанот како што информираше директорката Валентина Веселинска се организираше втора година по ред, а е наменет за млади ликовни уметници од Пехчево.
-На есенскиот ликовниот  хепенинг  во организација на Домот на културата учествуваа средношколци и ученици во ООУ ,,Ванчо Китанов", кои под водство на нивниот ментор, професор Оливера Ковачевска Кратевска цртаа ликовни творби во боите на есента изразувајќи ја својата фантазија. Благодарност до сите учесници, секоја чест за желбата на децата и благодарност за соработката со наставниците, рече Веселинска.
За најдобрите, како што додаде директорката, Домот на култура обезбеди соодветни награди.
-Иако целта беше младите уште еднаш да го покажат својот талент, сите учесници за своето учество добија благодарници, како и скромни подароци, за сите кои дадоа свој придонес во одржувањето на овој втор наш Есенски ликовен хепенинг, додаде Веселинска.
Од Домот на култура апелираа младите и понатаму да творат и редовно да го пријавуваат своето учество во ваквите и слични настани. вс/

Остани поврзан