• среда, 10 јули 2024

Завршена првата фаза од изградбата на паркот во село Стојаково

Завршена првата фаза од изградбата на паркот во село Стојаково
Гевгелија,8 март 2022(МИА) - Во селото Стојаково, општина Богданци, заврши првата фаза од изградбата на паркот наречен „Острово“ што ја изведоа вработените од јавното претпријатие ,,Комунална чистота“ од Богданци на барање од локалните жители. Паркот, според желбата на стојачани, комплетно ќе се уреди на простор западно од селската црква кој во првата фаза од изградбата беше ограден со рекреативни патеки од бекатон плочки и посипан со соодветна земја која беше израмнета и подготвена за пролетно хортикултурно уредување. Во следната фаза паркот ќе се збогатува со содржини за рекреација на пензиониерите преку денот и играчки за децата кои со родителите безгрижно ќе си играат. -Предвидено во западниот дел од паркот да се уреди летниковец со чешма која ќе се користи и за полевање на тревата, цвеќињата и дрвцата што ќе се посадат, како и две лулашки за дечињата и шест клупи за одмор на повозрасните поетители на паркот, велат од месната заедница на Стојаково. Неколку општествено одговорни компании се јавија на повикот и подарија дрвца и цвеќиња кои ќе бидат посадени во паркот „Острово“ во Стојаково.им/свс/

Остани поврзан