• петок, 15 ноември 2024

Забрането капење на голем дел од плажите во околината на грчкиот град Волос поради појавата на мртви риби

Забрането капење на голем дел од плажите во околината на грчкиот град Волос поради појавата на мртви риби

Атина, 2 септември 2024 (МИА) – На голем дел од плажите што се наоѓаат источно и западно од поширокиот регион на грчкиот град Волос, забрането е капење поради појавата на мртви риби што се излеаја во морето, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објавија грчките медиуми, крајбрежната служба од Волос донела одлука да се забрани капењето, поради вонредната појава и сè додека не добијат известување од надлежната Дирекција за води за лабораториска потврда дека водата е соодветна за капење.

Забраната важи од плажата Агрија на исток до плажата Агиос Георгиос на запад, дел во кој се вклучени десетици плажи во околината на Волос, кои до неодамна беа наградени со „Сини знамиња“ за квалитетот.

Веќе неколку дена во тек е чистењето на крајбрежјето во заливот Пагаситикос поради милионите слатководни мртви риби што од езерото Карла се излеаја во морето. ср/паг/

Остани поврзан