Забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој „Ѓавато“
- На магистралниот пат А-3, Битола-Ресен, на планинскиот превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, вечерва воведена е забрана за движење на товарни моторни возила. Како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, забраната почнува од 18:35 часот.

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - На магистралниот пат А-3, Битола-Ресен, на планинскиот превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег и задржување на истиот на коловозот, вечерва воведена е забрана за движење на товарни моторни возила.
Како што соопшти Авто мото сојузот на Македонија, забраната почнува од 18:35 часот. вг/
Фото: МИА Архива