• петок, 28 јуни 2024

Забрана за движење на товарни возила кон Стража и Маврово, кон Г.П. Деве Баир и превој Ѓавато поради врнежи од снег

Забрана за движење на товарни возила кон Стража и Маврово, кон Г.П. Деве Баир и превој Ѓавато поради врнежи од снег

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Забрана за движење на товарни моторни возила е воведена на патните правци на патниот правец Гостивар-Стража-Маврово, превој Ѓавато меѓу Битола и Ресен, и на тешки товарни возила на патот помеѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир, поради обилни врнежи од снег, информира АМСМ.

Отааму информираат дека од 18:15 се воведува забрана за тешки товарни возила и на патниот правец Делчево-граничен премин према Бугарија.

Претходно, поради обилни врнежи од снег, од 16:05 часот на патниот правец Гостивар- Стража - Маврово, воведена е забрана за движење на товарни моторни возила. Од 14:15 часот превој Ѓавато, магистрален пат Битола - Ресен. Од 14:10 часот се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка - Г.П. Деве Баир, се вели во соопштението. сх/нд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан