• понеделник, 23 декември 2024

Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) - Поради врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 9:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчев. мд/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан