Забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража
- Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража, информира ЈП „Македонија пат“.

Скопје, 26 јануари 2021 (МИА) – Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража, информира ЈП „Македонија пат“.
„Македонија пат“ апелира да се употребува задолжителна зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на овој патен правец. ки/скс/