Забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка поради врнежи од снег
- Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово - Попова Шапка, информира ЈП „Македонија пат“.

Скопје, 26 јануари 2021 (МИА) - Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово - Попова Шапка, информира ЈП „Македонија пат“.
Од „Македонија пат“ препорачуваат задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на овој патен правец. ки/скс/