• петок, 17 мај 2024

Жонг Шаншан е најбогатиот Кинез

Жонг Шаншан е најбогатиот Кинез
Пекинг, 25 септември 2020 (МИА) - Жонг Шаншан, основачот на популарната кинеска марка за вода во шишиња - „Нонгфу спринг“, го надмина основачот на „Алибаба“, Џек Ма, како најбогат човек во Кина, според индексот на милијардери на Блумберг. До неодамна Жонг беше третиот најбогат Кинез, а на берзата завчера неговото богатство официјално достигна 58,7 милијарди долари. Богатството на Џек Ма се проценува на 56,7 милијарди долари. За разлика од Џек Ма и Пони Ма - основачот на „Тенсент“, Жонг не се занимава со висока технологија. Покрај својот удел во брендот „Нонгфу спринг“, тој е и директор на фармацевтска компанија за вакцини. си/сд/

Остани поврзан