• среда, 17 јули 2024

Жоао Марио: Тешко е да се најдат зборови за да се објасни како испуштивме победа над Интер

Жоао Марио: Тешко е да се најдат зборови за да се објасни како испуштивме победа над Интер

Лисабон, 30 ноември 2023 (МИА) - Играчот од средниот ред на Бенфика, Жоао Марио не може да поверува како не го добија синоќешниот натпревар (3:3) со Интер во 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. 

Жоао Марио кој ги постигна трите гола за Бенфика беше прогласен за најдобар играч на средбата.

-Тешко е да се најдат зборови за да се објасни она што се случи по првото полувреме. Мора да признаеме дека направивме неколку грешки, но некои ситници работеа против нас. Тешко е да се разбере зошто се случи она што се случи по ваквото прво полувреме. Никој не можеше да замисли дека натпреварот ќе заврши на овој начин, го цитира Марио прес-службата на УЕФА.

По овој натпревар миланскиот клуб има 11 бодови и второ место во групата Д. Бенфика со еден бод ја зазема последната позиција во поредокот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан