• петок, 05 декември 2025

Жител на Струшко со 2,61 промили алкохол во крвта управувал автомобил

Жител на Струшко со 2,61 промили алкохол во крвта управувал автомобил

Струга, 11 јуни 2025 (МИА) - Со 2,61 промили алкохол во крвта жител на струшкото село Пискупштина бил запрен од полицијата на регионалниот пат Струга – Дебар, по што бил исклучен од сообраќај, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, синоќа во 20 часот на место викано „Кореа“, полициски службеници од Полициското одделение Велешта го лишиле од слобода Д.Б.(60) од селото Пискупштина.

- При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,61 промили алкохол во крвта, стои во соопштението

Лицето било исклучено од сообраќај и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. сс/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан